Дијалектен збор - категорија

давлив повеќе

давливиот
Вид збор: Придавка
Плоден, за овошје.
Англиски: fruitful

далга повеќе

мн. далги
Вид збор: Именка, женски род
бран, талас
Англиски: wave Турски: dalga Албански: dallgë, valë
немир, возбуда
Англиски: unrest Албански: shqetsim
Примери:
Далги во градите.

дамна повеќе

Вид збор: Прилог
одамна
Англиски: long ago

данак повеќе

мн. данаци
Вид збор: Именка, машки род
Машко теле одбиено од цицање.
Англиски: calf Турски: dana

дарба повеќе

мн. дарби
Вид збор: Именка, женски род
дар, подарок
Англиски: gift Албански: dhuratë
Примери:
Девојче дарба даруваше, даруваше секого по китка.

дартма повеќе

мн. дартми
Вид збор: Именка, женски род
Крпа за бришење.

даска повеќе

мн. даски
Вид збор: Именка, женски род
штица, табла
Англиски: board Српски: даска
Примери:
даска за пеглање

дванаесетпалечен повеќе

дванаесетпалечниот
Вид збор: Придавка
дванаесетпрстен
Англиски: duodenal
Примери:
дванаесетпалечно црево

двечки повеќе

двечките
Вид збор: Број
два, две
Англиски: two
Примери:
Двечки јагниња.

двојак повеќе

двојакиот
Вид збор: Придавка
двоен
Англиски: double

двојанка повеќе

мн. двојанки
Вид збор: Именка, женски род
близначка
Англиски: twin Албански: binjake, dyshe
Примери:
Вујната се родила како двојанка.

дебелиште повеќе

мн. дебелишта
Вид збор: Именка, среден род
Силна, плодна земја.
Албански: tokë e pjellshme

дејка повеќе

мн. дејки
Вид збор: Именка, женски род
девојка
Англиски: girl

дејче повеќе

Види и: девојка (ж.)
мн. дејчиња
Вид збор: Именка, среден род
дејка, девојка, девојче
Англиски: girlie
Примери:
дејгиди дејче

дела повеќе

Види и: делка (несв.)
делаат
Вид збор: Глагол, несвршен
делка
Англиски: carve Албански: punoj, veproj

деси повеќе

(се) десат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) случи
Англиски: happen Српски: десити

детина повеќе

Вид збор: Придавка
трудна, бремена
Англиски: pregnant

дечкован повеќе

Види и: момче (ср.)
мн. дечковани
Вид збор: Именка, машки род
момче

дечурлаана повеќе

(едн.) дечурлааната
Вид збор: Именка, женски род
невоспитани детишта
Примери:
Такво искуство нема ниту еден од младежот и дечурлааната во неговиот тим.

дивен повеќе

дивни
Вид збор: Придавка
прекрасен
Англиски: adorable Српски: диван

диви повеќе

(се) диват
Вид збор: Глагол, несвршен
(се диви) обожава
Англиски: adore Српски: дивити Албански: admiro

дира повеќе

мн. дири
Вид збор: Именка, женски род
Трага од човек или животно.
Англиски: trail
Примери:
Му оди по дирата.

дих повеќе

Види и: здив (м.)
дихот
Вид збор: Именка, машки род
здив
Англиски: breath

дихирица повеќе

Види и: виор (м.)
Вид збор: Именка, женски род
виор
Англиски: wind

доаѓачка повеќе

мн. доаѓачки
Вид збор: Именка, женски род
доаѓање
Англиски: coming

добричина повеќе

мн. добричини
Вид збор: Именка, женски род
Човек со добра нарав; човек што прави добро.

добробит повеќе

(едн.) добробитта
Вид збор: Именка, женски род
благосостојба, просперитет
Англиски: welfare Српски: добробит
Примери:
Како ресорно министерство имаме целосно разбирање за потребите на граѓаните за изградба на патишта, булевари, раскрсници, повеќенаменски инфраструктурни објекти кои се за нивна добробит.

дозбори повеќе

Види и: збори (несв.)
дозборат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со зборување.
Англиски: talk Албански: mbaroj me të folur
Примери:
Дозбори и си тргна кон дома.

дозима повеќе

Види и: доземе (св.)
дозимаат
Вид збор: Глагол, несвршен
доземе

докара повеќе

докараат
Вид збор: Глагол, свршен
дотера

докачи повеќе

Види и: качи (св.)
докачат
Вид збор: Глагол, свршен
Дофати, досегне нешто.
Англиски: reach Албански: arrij
Примери:
Не можев да ја докачам книгата од полицата.
(се докачи) Се дофати, се добере до нешто.
Англиски: crawl Албански: zvarritet
Примери:
Децата се докачија до зрелата круша.

долак повеќе

мн. долаци
Вид збор: Именка, машки род
навивка
Англиски: roll Турски: dolak

долап повеќе

мн. долапи
Вид збор: Именка, машки род
ковчег, сандак
Англиски: casket Албански: arkivol
Примери:
Девојката избегала, скриена во еден долап, по море.

доле повеќе

Вид збор: Прилог
долу

долница повеќе

мн. долници
Вид збор: Именка, женски род
Прцле, плетенка што е одоздола.
Англиски: plait Албански: gërshetë përfundi

долниште повеќе

мн. долништа
Вид збор: Именка, среден род
Ниско место, рамнина.
Англиски: lowland Албански: ultësirë
Примери:
Неколкумина тераа волови низ долништето кон шталата.

домаси повеќе

Вид збор: Прилог
Во својот дом, дома.
Англиски: home
Примери:
Се вратил домаси.

домашар повеќе

мн. домашари
Вид збор: Именка, машки род
домаќин
Англиски: host Албански: nikoqir

допадне повеќе

допаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне неочекувано, одненадеж.
Англиски: appear Албански: arrij
Примери:
Во одајата допадна едно дете.
Дојде, падне нешто некому в рака.
Англиски: fall into hands Албански: bien në duar
Примери:
Не сакам дневников да допадне во нечии раце.

допати повеќе

Вид збор: Прилог
Следниот пат, другпат.
Англиски: next time
Примери:
Допати ќе дојдам и кај вас.

допита повеќе

Види и: допраша (св.)
(се) допитаат
Вид збор: Глагол, свршен
допраша
Англиски: ask

допруса повеќе

Види и: пруса (несв.)
допрусаат
Вид збор: Глагол, свршен
Дојде, стигне некаде со прусање.
Примери:
Децата допрусаа до старата колиба.

допуст повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
концесија, одобрение, дозвола, допуштање
Англиски: concession
Примери:
допуст за испит

дореда повеќе

Вид збор: Прилог
Следниот пат, другпат.
Англиски: another time
Примери:
Дореда пак ќе дојдеме.

доручек повеќе

Види и: појадок (м.)
мн. доручеци
Вид збор: Именка, машки род
појадок
Англиски: breakfast Српски: доручак

досамоти повеќе

Вид збор: Предлог
Многу блиску, веднаш до некого, до нешто.
Англиски: nearby
Примери:
Тој седна досамоти него.

дососа повеќе

дососаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши, потроши нешто целосно, до крај.
Англиски: consume Албански: harxhoj, sos
Примери:
Не ме остави да ги дососам работите.

дотка повеќе

мн. дотки
Вид збор: Именка, женски род
Постара сестра.
Англиски: sister Албански: dadë, motër
Примери:
Оти дотка ти не е на училиште?
Назив за обраќање кон постаро женско лице.
Англиски: sister Албански: dadë, grua në moshë

доткин повеќе

доткиниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на дотка.
Англиски: sisterly
Примери:
Доткина работа.

доушник повеќе

мн. доушници
Вид збор: Именка, машки род
информант, кодош, шпион
Англиски: informant Српски: доушник
Примери:
Ги уапсија доушниците на ЦИА.

доцно повеќе

Вид збор: Прилог
доцна

дочуди повеќе

(се) дочудат
Вид збор: Глагол, свршен
Се чуди во доволна мера, се чуди до крај.
Англиски: amaze Албански: habitem, çuditem
Примери:
Не можам да се дочудам.
Се зачуди, предизвика изненадување, восхит.
Англиски: astonish Албански: çuditem, habitem
Примери:
Се дочудил на нејзиниот успех.

драж повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
шарм, убавина, грациозност
Англиски: grace, charm Српски: драж
Примери:
Нејзината драж го зашемети.

дреа повеќе

мн. дреи
Вид збор: Именка, женски род
облека
Англиски: dress

дреалник повеќе

мн. дреалници
Вид збор: Именка, машки род
Место каде што се чуваат дреите.
Англиски: closet
Примери:
Тесен дреалник.

дрекне повеќе

дрекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Силно и ненадејно викне или довикна.
Англиски: cry out

дренина повеќе

Види и: дренка (ж.)
мн. дренини
Вид збор: Именка, женски род
дренка
Латински: Cornus mascula Англиски: dogwood Албански: thanë

дрешка повеќе

Види и: дреа (ж.)
мн. дрешки
Вид збор: Именка, женски род
дреа

држанка повеќе

мн. држанки
Вид збор: Именка, женски род
љубовница, метреса
Англиски: mistress

дркање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
онанирање, мастурбација
Англиски: masturbation

дркаџија повеќе

мн. дркаџија
Вид збор: Именка, машки род
Тој што мастурбира.
Англиски: masturbator Албански: masturbator
Тој што не го бива за ништо, што млати празна слама.
Англиски: loser Албански: dështak

дрма повеќе

дрмаат
Вид збор: Глагол, несвршен
тресе
Англиски: shake

дрмне повеќе

Види и: дрмоли (несв.)
дрмнат
Вид збор: Глагол, свршен
Дрма малку.
Англиски: shake

дропка повеќе

мн. дропки
Вид збор: Именка, женски род
Парче, дел од нешто.
Англиски: piece Албански: copëz
Примери:
Дропка мраз.

дрпка повеќе

(се) дрпкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се дрпа по малку, полека.
Англиски: scratch
Примери:
Се дрпкаше по стомакот.

другачка повеќе

мн. другачки
Вид збор: Именка, женски род
другарка

другаш повеќе

Вид збор: Прилог
другпат
Англиски: another time

друска повеќе

Види и: друса (несв.)
друскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Друса по малку, во помала мера.

дуд повеќе

мн. дудови
Вид збор: Именка, машки род
црница
Англиски: mulberry Турски: dut Албански: man

дуда повеќе

мн. дуди
Вид збор: Именка, женски род
Име на девојче дури не е крстено.
Примери:
Посака живот и здравје за внука си дуда.

дудак повеќе

мн. дудаци
Вид збор: Именка, машки род
усна
Англиски: lip Турски: dudak
Примери:
Ме пече горниот дудак.

дударе повеќе

мн. дудариња
Вид збор: Именка, среден род
Вид земјен сад за пиење вода.
Англиски: tumbler Албански: kupë
Примери:
Го скрши дударето.

дудинка повеќе

Види и: дуд (м.)
мн. дудинки
Вид збор: Именка, женски род
плод од дуд
Латински: Morus Англиски: mulberry Турски: dut Албански: man

дудлак повеќе

мн. дудлаци
Вид збор: Именка, машки род
Вид земјен сад со отвор за пиење вода.
Турски: dudaklı
Примери:
Голем дудлак.

дудуле повеќе

мн. дудулиња
Вид збор: Именка, среден род
Клас од пченка со зрна.
Англиски: cob
Примери:
зрели дудулиња

дудулка повеќе

мн. дудулки
Вид збор: Именка, женски род
Кочан без зрна.
Англиски: cob
Примери:
Го разгорев огнот со дудулка.

дуеница повеќе

мн. дуеници
Вид збор: Именка, женски род
Дрвена шупелка со два отвора.
Примери:
Свиреше на дуеницата цела вечер.

дулак повеќе

Види и: дувак (м.)
мн. дулаци
Вид збор: Именка, машки род
превез
Англиски: veil Турски: duvak
Примери:
Беше во невестинска носија, со бел дулак на главата.

дума повеќе

думаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мисли, размислува
Англиски: think Албански: mendoj, kujtoj
Примери:
Цела ноќ думав.
памети, помни
Англиски: remember Албански: kujtol, mbaj mend
Примери:
Думам - вие еднаш ми зборувавте нешто.
зборува
Англиски: talk Албански: flas
Примери:
Думај што да правиме.
(се дума) се мисли
Англиски: reflect Албански: mendoj
Примери:
Таа се думаше што да прави.

дума повеќе

мн. думи
Вид збор: Именка, женски род
збор
Англиски: word Бугарски: дума
Примери:
Со други думи речено.

думежлив повеќе

думежливиот
Вид збор: Придавка
Што зборува многу.
Англиски: talkative
Примери:
думежливо дете

думка повеќе

думкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
лула, ниша
Англиски: rock Албански: tund, luhat
Примери:
Думка туѓи деца.

дунда повеќе

дундаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мрмори
Англиски: murmur
Примери:
Дундаше незадоволно.

дундури повеќе

(се) дундурат
Вид збор: Глагол, несвршен
Премногу се дотерува, се прчи.
Албански: shumë rregullohet, krenohet kot
Примери:
Што се дундуриш толку?
се лути, се мурти
Албански: hidhërohet, rrudhet
Примери:
По цели денови само се дундури.

дур повеќе

Вид збор: Честичка
дури
Англиски: even

дури повеќе

Види и: дурли (несв.)
(се) дурат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) дурли
Англиски: sulk Албански: me çehre

дурли повеќе

(се) дурлат
Вид збор: Глагол, несвршен
се излежува, не работи
Англиски: loaf Албански: përtoj
Примери:
По цел ден само се дурлиш.
се лути
Англиски: sulk Албански: hidhërohet
Примери:
Зошто ми се дурлиш?

дурло повеќе

мн. дурловци
Вид збор: Именка, женски род
Мрзлив човек.
Англиски: loafer Албански: përtac
Примери:
Тој е голем дурло.
Лице што се лути.
Англиски: angry person Албански: ai që hidhërohet
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш